Наинголан: Мончи ја уништи Рома

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан, кој играше во Рома од 2014 до 2018 година, го критикуваше тогашниот шпански спортски директор, 54-годишен Мончи кој беше во клубот од 2017 до 2019 година.

Тој смета дека Мончи ја уништил екипата, откако се решил да ги продаде сите играчи. Наинголан кажа дека не сака да го изговори неговото име.

„Мончи ја уништи екипата, ги продаде сите играчи. Не можам да му го изговорам името. Да знаев дека ќе си замине, јас ќе останев. Кога би се вратил во Рома, би можел да ги уништам одличните спомени. Имавме квалитетни играчи, и потоа сите ги продадовме. Морате да ги задржите најдобрите ако сакате да освоите нешто. Нема никогаш да бидете цврст тим ако секогаш продавате“, изјави Наинголан, кој за Рома одигра 203 натпревари.

Се вчитува...