Најава за бојкот – нисколигашите не играат без ваучери

Клубовите од ракометната Прва лига како и екипите кои треба да се натпреваруваат во второлигашката и во младинските кошаркарски конкуренции за утре најавија прес конференција на која се очекува да обзнанат бојкот на шампионатите. Ова е последица на пролонгирањето на реализацијата на ваучер-системот кој требаше да профункционира и за овие клубови. Им беше ветено дека ќе бидат определени дополнителни средства кои ќе бидат наменети за екипите кои „извисија“ во првата тура на поделбата.

Сепак остварувањето на оваа најава заглави многу долго и клубовите и натаму се без ветените ваучери. Ракометната федерација реши да им помогне со тоа што ќе им ги плаќа судиските и делегатските такси за натпреварите, додека кошаркарската федерација со согласи со клубовите кои бараат пролонгирање на почетокот на сезоната.

Проблемот со ваучерите на клубовите кои не се највисокиот ранг на натпреварување во ракометот и во кошарката се провлекува подолг временски период. Клубовите апелираа уште во текот на летото, решение беше ветено, но засега реализацијата е заглавена, наводно во политички препукувања.

Се вчитува...