Најава за штрајк во мак-баскетот: Играчите си ги бараат парите, клубовите се прават „глуви“

Кошарката повторно се соочува со „потрес“ по денешното соопштение на Асоцијацијата на Кошаркарски Играчи, која уште еднаш јавно побара клубовите да ги компензираат играчите за периодот на прекин на ланската сезона.

Асоцијацијата минатиот се пожали на непокажувањето на желба од страна на клубовите за решение на овој проблем, предлагајќи и решение согласно препораките на ФИБА поврзано со надомест за играчите.

„Сепак, другата страна останува незаинтересирана за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение“, се жалат од Асоцијацијата на Кошаркарски Играчи.

Оттаму денешното соопштение го опишуваат како последен апел пред преземање на драстични мерки, што „меѓу редови“ значи и најава за штрајк доколку не дојде до договор меѓу играчите и клубовите.

Новата кошаркарска сезона треба да стартува во првата половина од месец октомври, но доколку наскоро не биде најдено решение за овој проблем, почетокот на шампионатот би можел дополнително да се одложи.

Се вчитува...