Најавени тимови: Елмас стартер на „Камп Ноу“, Челси преполовен во Минхен

Елиф Елмас е најавен како стартер на Наполи за вечерашниот реванш дуел против Барселона, на кој „наполитанците“ ќе мораат да атакуваат на триумф по израмнетите 1-1 на првиот меч на домашен терен уште пред прекинот поради коронавирусот. Капитенот Лоренцо Инсиње се повреди во последното коло од Калчо-лигата, а Елмас е фудбалерот што најчесто го менуваше овој офанзивец, добивајќи невообичааена улога на левата страна од напаѓачкото трио.

Инсиње го одработе синоќешниот тренинг на „Камп Ноу“, но „наполитанците“ стравуваат дека ризикот од настап од првата минута е преголем, па Македонецот најверојатно ќе стартува од првата минута, а Инсиње ќе влезе во игра во текот на второто полувреме.

Со проблеми со средниот ред се соочува и Барселона, Бускетс и Видал поради суспензии не се во комбинација за настап, па Ракитиќ, Роберто и Де Јонг ќе стартуваат од првата минута во средниот ред. Добра вест е и враќањето на Гризман по повредата, што значи дека младиот Ансу Фати шанса ќе чека од клупата за резерви.

Челси брка негатива од три гола на „Алијанц Арена“ во Минхен, а згора на тоа Френк Лампард се мачи да го состави стартниот тим поради бројните повреди и суспензии. Кепа ќе остане на клупата за резерви, суспендирани се Алонсо и Жоргињо, а на финалето од ФА Купот се повредија Пулишиќ, Азпиликуета и Педро. Згора на тоа Вилијан не е во тимот по одбивањето да потпише нов договор, па јасно е дека на „сините“ не им се пишува ништо добро во пресметката со големиот фаворит.

 

БАРСЕЛОНА – НАПОЛИ

Барселона: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленгле, Алба, Роберто, Ракитиќ, Де Јонг, Меси, Гризман, Суарез.

Отсутни: Бускетс, Видал, Дембеле, Умтити.

Наполи: Оспина, Ди Лоренцо, Манолас, Кулибали, Марио Руи, Деме, Зиелински, Елмас (Инсиње), Мертенс, Калјехон.

Неизвесни: Инсиње, Максимовиќ.

БАЕРН М. – ЧЕЛСИ

Баерн: Нојер, Кимих, Боатенг, Алаба, Дејвис, Тијаго, Горецка, Гнабри, Перишиќ, Милер, Левандовски.

Отсутни: Коман, Павар.

Челси: Кабалјеро, Рудигер, Зума, Кристенсен, Емерсон, Џејмс, Ковачиќ, Баркли, Маунт, Хадсон Одои, Жиру.

Отсутни: Алонсо, Жоргињо, Пулишиќ, Педро, Азпиликуета, Вилијан. Неизвесен: Канте.

Се вчитува...