Арсенал нема шанси за пласман во ЛШ преку пласманот во Премиер-лигата, па „топчиите“ како единствена опција пред себе го имаат освојувањето на трофејот во Лигата на Европа, кој носи и учество во елитното европско натпреварување за наредната сезона. Задачата не е нималку едноставна, на патот на „топчиите“ им стои цврстата одбрана со која диригира голманот Облак, а згора на тоа Арсенал ќе биде ослабен со неиграњето на двете најголеми зимски засилувања, Мхитаријан е повреден, додека Обамејанг нема право на настап во Лигата на Европа по зимскиот трансфер од Борусија Дортмунд.
На спротивната страна, кај Атлетико Мадрид ќе недостигаат стартните бекови, Хуанфран и Филипе Луис, на чие место шанса ќе добијат Врсаљко и Лукас.
На вториот полуфинален натпревар се очекува офанзивен фудбал на двете страни, откако тренерот на Салцбург најави офанзивен стартен тим, со Дабур и Хванг во нападот помогнати од секогаш опасниот Бериша. Олимпик цела сезона игра напаѓачки, Тован и Паје се поддршка за Окампос и Митроглу, па интересно ќе биде да се види дали австрискиот првак ќе успее да одолее на налетите на домаќините на „Велодром“.
АРСЕНАЛ – АТЛЕТИКО М.
АРСЕНАЛ: Чех, Белерин, Кошиелни, Мустафи, Монреал, Џака, Вилшир, Рамзи, Озил, Велбек, Лаказет.
Отсутни: Мхитаријан, Елнени, Обамејанг.
АТЛЕТИКО: Облак, Врсаљко, Савиќ, Годин, Лукас, Саул, Габи, Коке, Кореа, Гризман, Коста.
Отсутни: Хуанфран, Филипе Луис.
ОЛИМПИК МАРСЕЈ – САЛЦБУРГ
ОЛИМПИК: Пеле, Сар, Рами, Роландо, Амави, Лопез, Густаво, Тован, Паје, Окампос, Митроглу.
САЛЦБУРГ: Валке, Лаинер, Рамалјо, Чалета Цар, Улмер, Хаидара, Самасеку, Шлагер, Бериша, Дабур, Хванг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА