Најавени тимови: Повредените „ѕвезди“ на ПСЖ чудесно оздравеа

Наспроти најавите за сериозни проблеми со составот на ПСЖ пред првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен, последните информации говорат дека сите „ѕвезди“ на францускиот првак чудесно оздравеле и ќе бидат во комбинација за настап на дуелот што вечерва ќе се игра на „Паркот на принцовите“.

Тренерот на Баерн, Нагелсман, уште по повредата на Мбапе изјави дека се сомнева во сериозноста и дека Французинот речиси сигурно ќе настапи против баварскиот гигант. Во меѓувреме на повреди се пожалија и Меси и Верати, но според последните информации се очекува тројцата да бидат подготвени за настап. Меси и Верати се најавени како стартери, додека Мбапе се очекува да влезе во игра во второто полувреме, откако во изминатите десет дена одржа само еден тренинг со остатокот од екипата.

Антонио Конте се соочува со огромни проблеми околу составот на Тотенхем откако на долгата листа на повредени играчи се приклучи и Бентанкур, кој по повредата на коленото предвреме ја заврши оваа сезона. Изборот за играчи за средниот ред е тенок ако се знае дека Хојбјерг нема да може да игра поради суспензија, а повреден е и Бисума.

МИЛАН – ТОТЕНХЕМ

Милан: Миранте, Калабрија, Калулу, томори, Салемакерс, Тонали, Круниќ, Тео ернандез, Дијаз, Леао, Жиру.

Отсутни: Флоренци, Бенасер.

ТОТЕНХЕМ: Форстер, Ромеро, Дајер, Дејвис, Скип, Сап, Перишиќ, Кулушевски, Сон, Кејн.

Отсутни: Хојбјерг, Бентанкур, Лорис, Сесењон, Бисума.

ПСЖ – БАЕРН МИНХЕН

ПСЖ: Донарума, Данило, Маркињос, Рамос, Хакими, Руиз, Верати, Мендеш, Витиња, Меси, Нејмар.

Отсутни: Мукиеле, Ренато Санчез.

БАЕРН: Зомер, Кансело, Упамекано, Де Лихт, Павар, Дејвис, Кимих, Горецка, Мусиала, Коман, Милер.

Отсутни: Мане, Нојер, Хернандез.

Се вчитува...