Најавени тимови за ЛЕ: Ајнтрахт без двајца клучни напаѓачи против Челси

Ајнтрахт ќе биде значајно ослабен за вечерашното полуфинале од Лигата на Европа против Челси, бидејќи тренерот Хутер нема да може да смета на двајца стандардни напаѓачи за овој супер-значаен дуел на својот тим. Хрватот Анте Ребиќ нема да може да игра во Франкфурт поади суспензија, додека Халер е „во аут“ поради повреда, па целиот притисок на вечерашниот натпревар ќе падне врз Лука Јовиќ.

На спротивната страна, Челси има проблеми со одбраната поради неиграњето на клучниот дефанзивец Рудигер, а неизвесно е дали Вилијан ќе може да настапи, или пак шанса од првата минута ќе добие Педро.

Во вториот  полуфинален дуел Арсенал ќе ја пречека Валенсија. Домашниот стратег Унаи Емери не може да смета на Рамзи за пресметки со поранешниот клуб, но затоа најавено е враќањето во стартниот тим на Месут Озил.

АЈНТРАХТ – ЧЕЛСИ

АЈНТРАХТ: Трап, Хасебе, Хинтерегер, Ндика, Костиќ, Фернандес, Роде, Да Коста, Гачиновиќ, Јовиќ, Пасиенсиа.

Отсутни: Ребиќ, Халер, Рус, Стендера, Тавата, Чендлер.

ЧЕЛСИ: Кепа, Азпиликуета, Кристенсен, Луиз, Алонсо, Канте, Жоргињо, Лофтус Чик, Азар, Педро, Жиру.

Отсутни: Хадсон Одои, Кејхил, Рудигер. Неизвесен: Вилијан.

АРСЕНАЛ – ВАЛЕНСИЈА

АРСЕНАЛ: Лено, Папастатопулос, Кошиелни, Монреал, Колашинац, Џака, Тореира, Озил, Ивоби, Обамејанг, Лаказет.

Отсутни: Белерин, Рамзи, Суарез, Велбе, Холдинг.

ВАЛЕНСИЈА: Нето, Пичини, Гарај, Ронкалја, Гаја, Парехо, Вас, Солер, Гуедеш, Мина, Родриго.

Отсутни: Кондогбија, Кокелан, Черишев.

Се вчитува...