Најавени тимови за ЛШ: Бенфика и Ливерпул комплетни, Сити и Атлетико без важни дефанзивци

Бенфика и Ливерпул ќе бидат во комплетен состав на вечерашниот прв дуел од четвртфиналето во Лигата на Шампионите што ќе се игра во Лисабон.

Тарабт не настапи за Бенфика во последното коло од португалското првенство против Брага, голгетерот Дарвин Нуњез влезе во вториот дел на ова дерби, но се очекува двајцата да бидат стартери вечерва против Ливерпул. На спротивната страна, Трент Александер Арнолд е „фит“ по повредата и ќе стартува како десен бек за „црвените“, откако Џо Гомез настапи на оваа позиција во саботата.

Пеп Гвардиола има проблем со одбранбената линија за дуелот со Атлетико Мадрид, Рубен Дијаз се уште е повреден, додека Кајл Вокер на овој дуел ја комплетира суспензијата од три натпревари. Во една таква ситуација, Кансело се враќа на десната бековска линија, Зинченко ќе стартува од левата страна, додека Стоунс и Лапорт ќе биде централни дефанзивци од првата минута против Атлетико.

Со главоболки се соочува и Диего Симеоне, важниот дефанзивец Хименез воопшто не отпатува за Англија откако се повреди на саботниот меч со Алавес, а во тимот нема да биде ниту Караско, кој е суспендиран.

БЕНФИКА – ЛИВЕРПУЛ

БЕНФИКА: Влаходимос, Жилберто, Отаменди, Грималдо, Фертонген, Вајгл, Жоао Марио, Рамос, Тарабт, Рафа Силва, Дарвин Нуњез.

Отсутни: /

ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александер Арнолд, Конате, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Кеита, Тијаго, Салах, Мане, Дијаз.

Отсутни: /

МАНЧЕСТЕР СИТИ – АТЛЕТИКО МАДРИД

МАН. СИТИ: Едерсон, Кансело, Лапорт, Стоунс, Зинченко, Родри, Де Бруине, Бернардо Силва, Фоден, Марез, Стерлинг.

Отсутни: Рубен Дијаз, Вокер.

АТЛЕТИКО: Облак, Љоренте, Савиќ, Фелипе, Реинилдо, Лоди, Коке, Кондогбија, Лемар, Гризман, Жоао Феликс

Отсутни: Хименез, Караско.

Се вчитува...