Најавени тимови за ЛШ: Бруно се враќа кај Јунајтед, Атлетико Мадрид без Караско

Бурата во Манчестер Јунајтед по поразот од Сити е минато, „црвените ѓаволи“ се рехабилитираа со триумфот од 3-2 над Тотенхем во кој блескаше Кристијано Роналдо. Португалецот ќе биде главен адут на Јунајтед и на вечерашната пресметка со Атлетико Мадрид, неговиот омилен „пациент“ од периодот додека го носеше дресот на Реал Мадрид, па потоа и на Јувентус. Добра вест за Роналдо е што неговиот сонародник Бруно Фернандеш го победи коронавирусот и ќе биде во тимот на дуелот со Атлетико, а се уште е неизвесно дали тоа ќе биде случај и со левиот бек Лук Шо.

На спротивната страна, Диего Симеоне се соочува со бројни проблеми со повредени фудбалери, а згора на тоа поради суспензија во тимот ќе го нема ниту Караско, кој и сезонава е еден од клучните играчи во редовите на шпанскиот првак. Жоао Феликс и Гризман би требало да стартуваат во нападот на Атлетико, што значи дека Луис Суарез и овој дуел ќе го почне од клупата за резерви.

МАНЧЕСТЕР Ј. – АТЛЕТИКО М.

МАНЧЕСТЕР: Де Хеа, Ван Бисака, Мегваер, Варан (Линделоф), Шо, Фред, Мектоминеј, Фернандеш, Санчо, Еланда, Роналдо.

Неизвесни: Кавани, Варан, Шо.

АТЛЕТИКО: Облак, Савиќ, Хименез, Лоди, Реинилдо, Ерера, Коке, Љоренте, Де Пол, Феликс, Гризман.

Отсутни: Лемар, Врсаљко, Караско, Хермосо, Вас, Куња. Неизвесни: Кореа, Кондогбија.

АЈАКС- БЕНФИКА

АЈАКС: Онана, Ренш, Шурс, Мартинез, Блинд, Едсон Алварез, Гравенберх, Бергхујс, Ентони, Тадиќ, Халер.

Отсутни: Стекеленбург, Ихатарен, Пасвер, Клаибер. Неизвесни: Тимбер, Мазрауи.

БЕНФИКА: Влаходимос, Жилберто, Отаменди, Фертонген, Грималдо, Вајгл, Евертон, Рамос, Тарабт, Рафа Силва, Дарвин.

Отсутни: Сеферовиќ.

Се вчитува...