Најавени тимови за ЛШ: Дибала ја губи трката со времето

Се е подготвено за продолжението на сезоната во Лигата на Шампионите, со вечерашните натпревари кои ќе стартуваат во 21 часот во Торино и во Манчестер.

Освоеното скудето нема да го спаси Маурицио Сари на клупата на Јуве доколку вечерва испадне од Лион, а задачата не е нималку лесна ако се знае дека францускиот тим е со предност од 1-0 од првиот натпревар. Згора на тоа, голема е веројатноста дека Јуве ќе мора да се снаоѓа без Пауло Дибала, по повредата на аргентинскиот интернационалец заработена пред десетина дена. Тој вчера одработе само половина тренинг, па се очекува дефинитивно да не биде стартер, а потоа да се ризикува со него во завршницата само доколку Јуве очајно притиска за гол.

Единствената дилема на Сари е дали да почне со Квадрадо на бек и Бернардески во напаѓачкото трио, или пак Квадрадо да добие офанзивна улога, а во одбраната на десен бек да стартува Данило. Лион ќе биде осетно засилен во однос на првиот меч во Франција поради враќањето на Депај, кој во меѓувреме се рехабилитираше од тешката повреда на коленото.

Во вториот меч вечерва се среќаваат Манчестер Сити и Реал Мадрид, „граѓаните“ имаат предност од 2-1 од првиот натпревар во Шпанија. Хесус ќе добие шанса во нападот во ситуација кога Агуеро е повреден, а на лев бек Зинченко ќе настапи на местото на суспендираниот Менди. Многу поголем е проблемот на Зинедин Зидан, кој ќе мора да се снаоѓа без капитенот Серхио Рамос во обид да го запре „атомскиот напад“ на „граѓаните“.

ЈУВЕНТУС – ЛИОН

Јувентус: Шчешни, Квадрадо, Бонучи, Де Лихт, Алекс Сандро, Пјаниќ, Рабио, Бентанкур, Бернардески, Роналдо, Игуаин.

Отсутни: Де Шилјо, Даглас Коста. Неизвесен: Дибала.

Лион: Лопез, Денајер, Марсело, Марсал, Дубоа, Какере, Гимараеш, Оуас, Корне, Депај, Дембеле.

Отсутни: Коне.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ М.

Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Фернандињо, Зинченко, Родри, Гундоган, Де Бруине, Марез, Стерлинг, Хесус.

Отсутни: Агуеро, Менди.

Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Варан, Милитао, Менди, Кашемиро, Крос, Модриќ, Винисиус, Азар, Бензема.

Отсутни: Рамос, Диаз.

Се вчитува...