Најавени тимови за ЛШ: Јувентус засилен ќе ја торпедира „жолтата подморница“

Јувентус ќе биде сериозно засилен за вечерашниот реванш од осминафиналето од ЛШ против Вилјареал, на кој „старата дама“ мора да слави за да се пласира во Топ 8 екипите во Европа по ремито на првиот меч на Ел Мадригал. Одлична вест за тренерот Алегри е враќањето на Пауло Дибала, кој ги одработи последните тренинзи и би требало да почне од првата минута во нападот, крај Мората и Влаховиќ.

Кјелини исто така е „фит“ и ќе стартува во последната одбранбена линија крај Де Лихт, важно засилување во период кога повреден е Бонучи, а Ругани е далеку од посакуваната натпреварувачка форма.

Во таборот на Вилјареал сигурно ќе недостига левиот бек Алберто Морено, е неизвесно е дали во тимот ќе се појави најдобриот стрелец Жерар Морено, кој поради повреда не настапи на првиот меч во Шпанија.

ЈУВЕНТУС – ВИЛЈАРЕАЛ

ЈУВЕНТУС: Шчесни, Кјелини, Де Лихт, Де Шилјо, Квадрадо, Артур, Рабио, Локатели, Дибала, Мората, Влаховиќ.

Отсутни: Киеза, Мекени, Бонучи, Закарија, Сандро.

ВИЛЈАРЕАЛ: Рули, Албиол, Торес, Фојт, Педраза, Капе, Парехо, Пино, Ло Челсо, Чуквуезе, Данјума.

Отсутни: Алберто Морено. Неизвесни: Пења, Алкасер, Жерар Морено.

ЛИЛ – ЧЕЛСИ

ЛИЛ: Жардим, Челик, Џало, Ботман, Фонте, Андре, Џека, Веа, Бама, Бен Арда, Дејвис.

Отсутни: Ренато Санчез.

ЧЕЛСИ: Менди, Шалоба, Силва, Рудигер, Азпиликуета, Канте, Ковачиќ, Алонсо, Маунт, Пулишиќ, Лукаку.

Отсутни: Чилвел, Џејмс.

Се вчитува...