Најавени тимови за ЛШ: Како ќе се снајде Лајпциг без Вернер?

Лајпциг без значаен адут ќе излезе вечерва на мегдан со Атлетико Мадрид, откако Тимо Вернер веќе го напушти германскиот клуб и се пресели во Челси. Германскиот репрезентативец беше главен адут на Лајпциг во досегашниот дел од елитното европско натпреварување, но сега во првото четвртфинале во клупската историја тренерот Нагелсман ќе мора да се снаоѓа без лидерот на нападот. Во една таква ситуација притисокот паѓа врз Патрик Шик, кој и самиот е на излезна врата бидејќи му истекува позајмицата од Рома.

На спротивната страна, Атлетико Мадрид ќе биде без Врсаљко и Кореа, кои останаа во Шпанија по позитивните тестови на Covid-19. Диего Коста би требало да добие предност во навалната линија пред Алваро Мората, а се очекува во првиот тим да се појави и Жоао Феликс, кој се рехабилитираше од повредата.

ЛАЈПЦИГ – АТЛЕТИКО М.

Лајпциг: Гулаши, Клостерман, Упамекано, Халстенберг, Лаимер, Сабицер, Кампл, Мукиеле, Форсберг, Нкуну, Шик.

Отсутни: Конате.

Атлетико: Облак, Трипие, Хименез, Савиќ, Лоди, Коке, Саул Нигез, Караско, Љоренте, Феликс, Коста.

Отсутни: Кореа, Врсаљко.

Се вчитува...