Најавени тимови за ЛШ: ПСЖ без клучни играчи, Аталанта без Иличиќ и првиот голман

Аталанта го игра своето прво историско четвртфинале во Лигата на шампионите, а за противник го има францускиот шампион ПСЖ, кој атакува на својата прва европска круна. И двајцата тренери се соочуваат со сериозни проблеми, па така Гасперини нема да може да смета на Иличиќ, а ќе отсуствува и првиот голман Голини, кој се повреди во последното коло од Калчо-лигата против Интер.

На спротивната страна, Тухел ќе мора да се снаоѓа без помошта на суспендираниот Ди Марија и без повредениот Верати, па сигурно е дека „светците“ ќе имаат проблеми да го наметнат посакуваното темпо. Згора на тоа, Килијан Мбапе се уште е повреден и речиси сигурно нема да биде стартер, па Нејмар и Икарди ќе бидат предводници на нападот на „светците“.

АТАЛАНТА – ПСЖ

Аталанта: Спортиело, Паломино, Толои, Џимсити, Хатебур, Де Рон, Фрулер, Госенс, Малиновски, Гомез, Запата.

Отсутни: Голини, Иличиќ. Неизвесен: Паломино.

ПСЖ: Навас, Керер, Тијаго Силва, Кимпембе, Бернат, Ерера, Маркињос, Гаје, Сарабија, Икарди, Нејмар.

Отсутни: Ди Марија, Верати, Курзава. Неизвесен: Мбапе.

Се вчитува...