Најави ли Елмас мегатрансфер: Сакам да живеам во Истанбул!

Елиф Елмас ја лансираше блескавата кариера преку Фенербахче, па не е никакво изненадување што македонскиот дијамант секогаш со позитивни зборови говори за турскиот фудбал.

Елиф беше дел од нашата репрезентација при вчерашниот пораз од Турција, по што во изјава за турските медиуми меѓу редови најави – мегатрансфер во клуб од ова земја.

„Минаа седум години од мојот настап на овој стадион, атмосферата беше фантастична. Турските фудбалери играа на високо ниво, покажаа дека се еден чекор пред нас. Верувам дека Турција ќе игра четвртфинале на ова Светско првенство… Не размислувам за трансфер, сега сакам само да одам на одмор. Едно е сигурно, сакам да живеам во Истанбул во иднина. Еден ден, ако даде Господ, пак ќе заиграм во Турција“, изјави Елмас. 

Покрај Фенербахче, тимовите на Галатасарај и на Бешикташ во минатото покажуваа интерес за големиот македонски ас, па нема да изненади ако приказната за негов камбек во турскиот фудбал биде повторно активирана летово.

За потсетување, Елмас по завршената позајмица во Наполи се враќа назад во Лајпциг, но германскиот клуб не смета сериозно на Елиф, па е подготвен да го продаде во летниот преоден рок.

Се вчитува...