Најавите остварени: Гостивар не се појави во Струмица, службена победа за Пелистер

Како што и беше најавено, екипата на Гостивар се откажа од настап во Првата лига, откако денеска не се појави на натпреварот против Пелистер кој требаше да се игра во Струмица.

Битолчани пристигнаа на мечот, но по долго чекање, од страна на делегатот и официјалните лица одлучија да го регистрираат мечот во корист на Пелистер со 3-0.

Гостивар е вториот тим кој за кратко време се повлече од натпреварувањето. Гостивар се одлучи на истиот чекор по наводно судиски грешки на дуелот со Работнички, по што го напуштија мечот, а беа суспендирани претседателот, тренерот и капитенот на екипата.

Се вчитува...