Најавите се остварија: Фенербахче на дербито излезе со младинци, прими гол, и го напушти теренот (ВИДЕО)

Како што и беше најавено. Дуелот помеѓу Галатасарај и Фенербахче во финалето во Супер-Купот на Турција не го дочека својот крај, и беше прекинат во 2. минута од средбата откако играчите на Фенербахче го напуштија теренот, и така Галатасарај слави службена победа.

Фенербахче излезе со младинци на овој меч, прими гол во 1. минута од Икарди, и потоа го напушти теренот. Галатасарај веднаш почна со славјето за освоениот Супер-куп трофеј.

Се вчитува...