Најбизарната ноќ во кариерата на Кевин Дурант

Кевин Дурант беше во центарот на вниманието на синоќешниот дуел меѓу Бруклин и Торонто откако се создаде хаос околу неговиот настап поради контактот со лице кое имало симптоми на коронавирус.

Дурант, кој неодамна беше позитивен и успеа без симптоми да го победи коронавирусот, веднаш по доаѓањето во арената дознал дека нема да му биде дозволено да игра. Мечот почнал, а тој не бил со тимот на Бруклин, но по долгата караница на крајот му било дозволено да влезе во игра.

Хаосот настанал во третата четвртина, кога се дознало дека лицето со кое Дурант бил во контакт е позитивно на Covid-19. Иако Дурант неодамна ја победи оваа болест и според тестовите има антитела во организмот, поради строгите протоколи тој бил испратен во соблекувалната и потоа не се врати на теренот.

Згора на тоа, НБА изрече забрана тој да патува со остатокот од тимот на следното гостување на Бруклин против Филаделфија, а Дурант бурно реагираше преку профилите на социјалните мрежи, испраќајќи пораки: Ослободете ме… навивачите не се глупави..

Се вчитува...