Најбројна македонска репрезентација досега на Светското кикбокс првенство во Италија (ФОТО)

Вкупно 18 натпреварувачи и тројца тренери ќе ги бранат боите на Македонија на ВАКО Светското првенство во Лидо ди Јесело, Италија.

Стручниот штаб на Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија (КМФМ) го комплетираше составот на македонската јуниорска репрезентација која ќе настапи на претстојното ВАКО Светско првенство во кикбокс, кое од 18 до 26 септември 2026 година ќе се одржи во Лидо ди Јесоло, Италија.

Македонската репрезентација веќе ги започна заедничките подготовки, а тренинзите ќе продолжат во континуитет до заминувањето за Италија на 18 септември.

Во составот се 18 натпреварувачи и тројца тренери, што ја прават најбројната македонска јуниорска репрезентација која досега за Македонија настапила на официјално светско првенство.

Особено значајно е што зад овој настап стои и голема лична жртва на младите спортисти и тренери. Иако рокот за реализација на финансиските обврски за учество е при самиот крај, КМФМ сè уште нема добиено наменски средства од Министерството за спорт за реализација на обврските за право на настап. И покрај доставените побарања за финансиска поддршка наменски за учество на младинската репрезентација на престојното светско првенство одговор нема.

Поради тоа да не го испуштиме рокот за пријавуванје на натпревсрувачите на Македонската репрезентација стручниот штаб на КМФМ, во договор со натпреварувачите, донесе одлука учеството да биде реализирано како и изминатите првенства со самофинансирање со сопствени средства.

Одлуката е донесена со една единствена цел – младите македонски репрезентативци да не ја пропуштат можноста да настапат на најпрестижното светско првенство во јуниорска конкуренција претставувајки ја нашата земја и освојувајки медсли за неа.

Составот го сочинуваат млади и талентирани борци кои зад себе имаат сериозна работа и резултати и кои на Светското првенство во Италија ќе атакуваат на највисок пласман и освојување медали.

Screenshot

И покрај финансиските предизвици, КМФМ застана зад своите репрезентативци, а самофинансирањето во овој момент е единственото решение со кое може да им се овозможи настап на големата светска сцена.

СОСТАВ НА МАКЕДОНСКАТА ЈУНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Тренери:

Дејан Митровски – Урко
Драган Атанасовски
Александар Димовски

Натпреварувачи:

Андонов, Томи
Атанасовски, Давид
Бабовски, Калин
Башнарков, Марко
Димишковски, Андријано
Димовска, Марија
Глигорова, Драгица
Илковски, Петар
Јачев, Димитар
Кукуновски, Иван
Лозановски, Петар
Нешевски, Милан
Николов, Глигор
Пандев, Драган
Смилевски, Андреј
Тасева, Антонија
Туркер, Исмаил
Ушлиновски, Сергеј

Се вчитува...