Најбрз гол во 2020 година, ни режијата не беше спремна (видео)

Супердраматичен беше стартот на финалето од Купот на Обединетите Арапски Емирати, во кое Ал Наср славеше над Ал Ахли со 2-1. Само шест секунди игра беа доволни за да се отвори резултатот, откако шпанскиот ас Алваро Негредо одлично прими едно долго додавање и ја смести топката во мрежата.

Преносот вообичаено почна со „широк кадар“ од над стадионот, самиот режисер беше изненаден од стартот, па голот на Негредо можеше да се види само со прегледување на повторена снимка.

Ова без конкуренција е најбрзиот погодок постигнат во првиот месец од 2020 година.

Се вчитува...