Најбрзиот човек влегува во ’најбрзиот циркус’: Болт ќе ја стартува Ф1-трката во Остин

Новите раководни луѓе во Формула 1 сакаат да внесат нова доза на шоу, обидувајќи се да го вратат реномето на „најбрзиот циркус“ како во некои минати времиња. Тоа се обидуваат да го сторат со приклучување на други спортски ѕвезди. Така, на следната Ф1 трка во Остин претстојниов викенд, ќе биде присутен најбрзиот човек на светот Усаин Болт. Тој и дефинитивно се повлече од атлетиката, но неговите светски рекорди и понатаму остануваат на сила.

Усаин Болт треба да ја стартува трката за ГН на Соединетите Американски Држави.

„Во Соединетите Американски Држави, како никаде на друго место, спортските настани се претворени во вистинско шоу. Тоа секако сакаме да го имаме и во Формула 1“, изјави Шон Бречес, бизнис – директорот на групацијата Формула 1.

 

Се вчитува...