Најдена замена за Талески: Чубраковиќ на голот на Струга ТЛ

Струга Трим Лум ја најде замената за Давор Талески, кој ќе замине во Шкендија. Голманската позиција ќе ја решава српскиот интернационалец Душан Чубраковиќ.

На Чубраковиќ му е позната македонската лига, затоа што од 2018 до 2020 година беше дел од Академија Пандев, а потоа замина во Златибор. Играше и за ерменски Нораванк. Во минатото Чубраковиќ беше дел и од БАСК, Слобода Ужице, Лукарички и Синѓелиќ.

Струга ТЛ ги покажува сериозните амбиции за следната сезона. Ново име е Бесарт Ибраими, а клубот ги продолжи договорите со неколку играчи како Буњамин Шабани, Абдулхади Јахја, Ард Касами,  како и со тренерот Срѓан Захариевски.

Се вчитува...