Најдена замена за Теодосиќ – ЦСКА го потпиша Родригез

ЦСКА Москва остана без Милош Теодосиќ, но рускиот првак експресно најде соодветна замена за својот извонреден плејмејкер носејќи го на негово место Серхио Родригез. Шпанецот ја мина ланската сезона во НБА-лигата како член на Филаделфија, каде во просек бележеше по 7,8 поени и 5,1 асистенции по натпревар. Раководството на Филаделфија реши да не му понуди нов договор, а иако имаше понуди од неколку клубови од НБА, тој реши да си замине од САД и да се врати во Европа, прифаќајќи ја понудата за двогодишна соработка со ЦСКА за сума од 10,6 милиони долари.

За Родригез ова претставува враќање назад во европската кошарка откако во 2015 година се закити со титулата, а една година претходно беше избран и за МВП на Евролигата.

Шпанскиот плејмејкер е четвртото засилување на ЦСКА Москва за следната натпреварувачка сезона, откако претходно беше договорено доаѓањето на Лео Вестерман од Жалгирис, Отело Хантер од Реал Мадрид и Вил Клајбурн од Дарушафака.

Се вчитува...