Најдобар млад играч на сезоната во Првата лига: Максим Митевски храбро го предводеше МЗТ2

По засилената промоција на кошаркарската игра на домашната сцена со одбир на најдобрата петорка по секое одиграно коло во регуларниот дел од сезоната,  ЕКИПА направи и избор на најдобрите петмина кои ги одбележаа првите 22. кола во Првата кошаркарска лига. Покрај тоа одбрани се и тренер на регуларниот дел, како и најдобар млад играч.

Првиот дел од сезоната во македонската кошаркарска лига донесе возбудливи 22. кола по кои беа остварени фатастични резултати. На кошаркарските терени се играа „маратонски“ натпревари од по 50. минути, притоа пред колената на „новалииите“ паѓаа фаворити, па се наговестува на возбудлива завршница која оваа сезона започнува од четвртфиналето.

Со цел отсликување на одличниот прв дел до сезоната, ЕКИПА направи избор на дрим-тим, најдобар тренер и избор на најдобар млад играч на регуларниот дел, кој беше далеку потежок од очекуваното, но тоа е еден факт кој навистина радува за иднината на македонската кошарка.

Андреј Митревски, Љубиша Димитровски, Дамјан Крстевски, Славчо Темелковски, Лејсон Зеќири, Стахил Николов, Виктор Ташовски, Дарио Митевски, Андреј Андоновски, Андреј Настовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Лука Савичевиќ и останатите играчи од МЗТ 2 заслужуваат огромен почит за прикажаното оваа сезона, но изборот падна на Максим Митевски.

Бекот блесна под водство на Боро Даскаловски, предводејќи го својот тим како еден од лидерите до шест победи оваа сезона што е навистина неверојатно за најмладиот тим во лигата. „Сино-белите“ покажаа вистински карактер со кој ги собираа симпатиите на љубителите на кошарката, а со оглед на тоа каде се наоѓа мак-баскетот, тие, но горе споменатите се светлото на крајот на тунелот.

 

Се вчитува...