Најдобрата кошаркарка на Македонија за 2023 година Елена Тасевска и официјално е нов член на Вардар.
Тасевска во тимот од главниот град доаѓа од редовите на Баскет Кам со кој минатата сезона ја освои титулата во домашниот шампионат, а беше прогласена и за МВП во финалната серија.
Битолчанката која ги помина сите младински категории на македонската репрезентација кратко во кариерата настапуваше и во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА