Најдобрата млада кошаркарка со трансфер во првата лига на Шпанија

Талентираната македонска кошаркарка, Матеа Николиќ, си замина од италијанскиот клуб Стела Аѕура и кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, откако доби понуда од прволигашот на оваа земја, Енсино Луго. Станува збор за кошаркарка што летово настапи за М18 селекцијата на ЕП во Скопје, а беше повикана и да биде дел од сениорскиот национален тим. Таа беше избрана за најдобра млада македонска кошаркарка во 2018 година.

Николиќ на 14-годишна возраст ја напушти домашната сцена и се пресели во Италија во дресот на Стела Аѕура, каде дополнително напредуваше во кариерата. Иако имаше можност и да остане на Апенинскиот полуостров, предизвикот што го носи трансферот во силната шпанска елитна лига беше преголем за да биде одбиен. Потпишаниот договор е со важност на две години, период во кој младата Македонка ќе игра и за младинките и за првата екипа на Луго.

„Добив понуда за преселба во Шпанија, огромен предизвик и мотив за докажување за секоја кошаркарка. Чест ми е што ќе играм во оваа силна лига и ќе сторам се за да ги оправдам очекувањата и уште повеќе да напредувам во кариерата“ – изјави Николиќ за ЕКИПА.

 

 

Се вчитува...