Најдобрата петорка во Евролигата без Милош Теодосиќ

Евролигата денеска ги објави најдобри петорки за оваа натпреварувачка сезона, а интересно е што меѓу петмината најдобри кошаркари не се најде место за Милош Теодосиќ и покрај одличната форма на плејмејкерот на ЦСКА Москва во текот на целата сезона.

Нандо де Коло е претставникот на ЦСКА во овој дрим-тим, а бековскиот тандем го комплетира Серхио Љуљ од Реал Мадрид. Фенербахче е единствениот тим со двајца играчи во идеалната петорка, Богдановиќ и Удох, а петти член на овој состав е Принтезис од Олимпијакос.

Теодосиќ е прва ѕвезда на „втората петорка на Евролигата“, каде друштво на српскиот ас му прават Бредли Вонамејкер од Дарушафака, Густаво Ајон од Реал Мадрид, Николо Мели од Брозе баскет и Брајан Данстон од Анадолу Ефес.

Се вчитува...