Најдобриот играч на Мега се пресели во Црвена звезда

Црвена звезда влезе во победнички ритам, а раководството на клубот реши дополнително да го засили ростерот постигнувајќи договор со најдобриот кошаркар на Мега Бемакс, Дилан Енис.

Американскиот кошаркар доаѓа во Црвена звезда откако денеска ја предводеше Мега до триумф на гостувањето против Игокеа, по што тренерот Дејан Милојевиќ потврди дека се договорени сите детали од неговиот трансфер во таборот на „црвено-белите“.

Станува збор за играч од надворешната линија, кој одлично се снаоѓа и како плејмејкер и како бек-шутер и сигурно ќе им биде од помош на Рочести и на Фелдеин. Тој сезонава има одлични бројки во АБА-лигата, каде во просек бележи по 18 поени, 6 асистенции и две украдени топки по натпревар.

Се вчитува...