Најдобриот пријател на Кирјос во голем скандал: Сакаш ли да ури*ирам по теренот?

Австралискиот тенисер Танаси Кокинакис се најде во центарот на скандал на Ролан Гарос.

Контроверзниот Кокинакис овојпат беше бесен на судијата на неговиот меч од третото коло против Карен Хачанов во кој беше поразен во четири сета.

По губењето на вториот сет, Кокинакис сакаше да направи пауза за тоалет, но доби негативен одговор од судијата по што полуде и со повишен тон влезе во дискусија.

„Добро, не го знаев тоа правило. Сега ми велиш дека имам уште 50 секунди. Можеш ли да бидеш реален и да ми дадеш пристојно време за тоалет уште еднаш? Имаме само две паузи за тоалет по натпревар. Сакаш да урини*ам овде на теренот? Само барам да одам во тоалет, на последниот натпревар имав грчеви поради ова“, изјави Кокинакис. 

Се вчитува...