Најдобриот пријател откри што правел Коби неколку минути пред смртта

Лос Анџелес вечерва е завеан во црно, во „Стејплс Центар“ се одржува комеморацијата во чест на Коби Брајант и неговата ќерка Џана. Еден од оние кои се најдоа на бината беше и најдобриот пријател на кошаркарската легенда, Роб Пелинка, кој долги години му беше менаџер на Брајант, а моментно е генерален менаџер на ЛА Лејкерс.

„Цел свет го знае Коби како кошаркарска легенда, јас бев благословен во последните 20 години да го знам и да увидам дека е многу повеќе од тоа. Тој беше најдобар пријател, татко и сопруг“, почна Пелинка.

Потоа, тој откри и дел од разговорот што го имал со Брајант неколку минути пред кобната хеликоптерска несреќа.

„Бев во црква на миса, го почувствував телефонот како ми вибрира бидејќи ми пристигна СМС. Прво сакав да го игнорирам, но нешто ме натера да погледам, видов дека пораката е од Коби. Не беше ништо чудно бидејќи во последните 20 години се слушавме речиси секој ден, тоа го прават најдобрите пријатели. Ме праша дали знам некој менаџер во бејзбол кој би можел да помогне на ќерка на негов пријател. Зборуваше се најдобро за девојката, за нејзината работна етика, за желбата за победа… само му вратив дека ќе му ја исполнам желбата. Неколку минути подоцна, душата на Коби со душите на уште седум лица се пресели на небото. Девојката на која сакаше да помогне беше ќерка на Џон Алтобели, кој исто така беше на кобниот лет. Ми праќаше СМС од хеликоптерот, а неговото последно дело беше херојско“, изјави Пелинка.

Се вчитува...