Најдобрите Европејци во НБА – Новицки, Паркер, Гасол…

Реноминираниот шпански „Ас“ направи листа на најдобрите Европејци кои настапувале во НБА лигата. Со доаѓањето на Детлеф Шремп во 1985 година, почна ангажирањето на Европјани во најсилното кошаркарско првенство во светот, а меѓу првите кои заминаа од Европа во САД беа и Дражен Петровиќ и Владе Дивац.

Како најдобар Европеец е избран Дирк Новицки, кој во 2011 ги водеше Далас Маверикс до трофејот, совладувајќи го финалето Мајами Хит во кој во тоа време настапуваше „големата тројка“, Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Крис Бош.

На второто место се наоѓа Тони Паркер кој беше дел од генерацијата на Сан Антонио Спарс која освои четири трофеи, а во 2007 беше МВП на финалната серија во која Спарс го совладаа Кливленд Кавалерс со 4-0.

Третата позиција му припаѓа на Пау Гасол кој во 2009 и 2010 му помогна на Коби Брајант да своите две титули без Шекил O’Нил. Во топ пет уште се наоѓаат и Јанис Адетокумбо и Марк Гасол.

Топ 10 листата ја заокружуваат Предраг Стојаковиќ, Детлеф Шремп, Дражен Петровиќ, Арвидас Сабонис и Владе Дивац.

Се вчитува...