Најдобрите фудбалери без пехар од ЛШ: Марадона, Роналдо, Златан…

Лигата на шампионите е сон на сите кои што сакаат професионално да се занимаваат со фудбал. Сон на секое дете кое што е заљубеник во најважната споредна работа во светот е во својот живот да го подигне популарниот „Ушко“. Направена е листа на најдобри фудбалери кои во кариерата покрај своето име ја немаат титулата од Лигата на шампионите.

Најдобар меѓу најдобрите на оваа листа е Диего Армандо Марадона. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во кариерата не успеал да се радува на титулата во елитното натпреварување. Второто место му припаѓа на Бразилецот, Роналдо кој и покрај одличните партии во дресовите на Барселона, Интер и Реал Мадрид никогаш не успеа да се радува на трофејот. Во топ 5 на листата уште се наоѓаат и Ромарио, Џанлуиџи Буфон и Роберто Баџо. Меѓу најдобрите десете се вбројуваат и Ерик Кантона, Златан Ибрахимовиќ, Роберт Левандовски, Денис Бергкамп и Лотар Матеус.

Меѓу фудбалерите кои имаа значителна кариера со многу успеси, но без освојување на Лигата на шампионите се и Франческо Тоти, Габриел Батистута, Руд ван Нистелрој, Михаел Балак и Фабио Канаваро.

Се вчитува...