Најдолгиот лет – Како Дејвис го разбуди Џејмс и му соопшти за смртта на Коби

Во храмот на ЛА Лејкерс „Стејплс центарот“ вчера беше одржана комеморација во чест на Коби Брајант, неговата ќерка Џиџи и останатите жртви од хеликоптерската несреќа која се случи на 26. јануари годинава. Центарот на Лејкерс, Ентони Дејвис откри што се случувало кобниот ден во клупскиот авион, објаснувајќи како му ја соопштил веста на Леброн Џејмс.

„Не можам да спијам додека сме во авион и обично знам да гледам филм на ајпадот. Ги погледнав Двајт и Демаркус како ми мафтаат да ги тргнам слушалките. Кога го направив тоа Двајт ми кажа „Човек Коби погина во пад на хеликоптер“. Почнав да го будам Леброн. Сите почнаа да пребаруваат дали информацијата е вистина. Ниту Џејмс не веруваше дека е тоа вистина, ни говореше да престанеме да се шегуваме со такви теми. Никој од нас не можеше да се воздржи сите плачевме. Тоа беше најдолгиот лет во мојот живот“, изјави Дејвис. 

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ветија дека ќе дадат се од себе годинава во чест на Коби да го освојат прстенот во НБА лигата.

Се вчитува...