Најдоски со последен поздрав до Михајловиќ: Ееее мој Синиша…

Поранешниот југословенски репрезентативец и европски шампион со Црвена звезда, Синиша Михајловиќ почина во петокот од леукемија на 53-годишна возраст.

Еден од играчите со кои заедно ја освои европската титула во 1991 година беше и Македонецот, Илија Најдоски. Најдоски емотивно се прости од неговиот добар пријател.

„Сe уште не можам да поверувам дека ова се случи. Синиша беше сјаен човек, немам збороби за да го опишам. Ова е страшна работа што се случи. Таква човечка величина, голем борец до крај, голем пријател и човек кој секојпат беше спремен да помогне. Имавме многу работи заедно. Никогаш не се откажуваше, секогаш одеше до крај, ама овојпат – не успеа. Многу сум погоден и потресен, немам зборови. Нека му е лесна земја, на сите многу ќе ни недостигаш – мој и наш Синиша“, рече Најдоски.

Се вчитува...