Најемотивното збогување од Синиша го има неговата ќерка: Тато…

Фудбалскиот свет е завиен во црно, откако вчера на 53-годишна возраст почина легендарниот југословенски и српски фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ.

Најемотивната порака ја има неговата помлада ќерка Вирџинија, која со трогателен текст се прости од прерано починатиот татко.

„Тешко е, тато. Тешко е. Во овој момент на големо страдање, се што ми треба е твојата прегратка. Не било каква прегратка, твојата. Измешана со твојот парфем, кој, како и твојата душа, се задржува. И секој што те познава знае што мислам“, напиша Вирџинија Михајловиќ. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virginia Mihajlović (@virgimih)

Се вчитува...