Најголемиот конкурент на Перез вети голем број „ѕвезди“ ако стане претседател на Реал Мадрид

Енрике Рикелме е решен да го замени Флорентино Перез на функцијата претседател на Реал Мадрид. Во интервју за Марка, тој истакна дека веќе има јасно дефиниран спортски проект што би го започнал доколку ја добие довербата на членовите на клубот.

Иако не сакаше да навлегува во премногу детали, Рикелме потврди дека, во случај на победа на изборите, многу големи имиња од светскиот фудбал ќе пристигнат на Бернабеу.

„Секако, имаме спортски проект и потврдувам дека ги имаме имињата на важни играчи кои ќе дојдат. Ќе дојдат најдобрите играчи што му се потребни на Реал Мадрид во моментов, како и дел од професионализацијата на спортскиот систем. Во тој сегмент, Реал мора да има спортски директор. И мора да има професионален план, но не само за првиот тим, туку и за младинската академија. Не може да се случи да недостасуваат играчи што доаѓаат од академијата, додека други клубови во Шпанија, од кои некои директно се натпреваруваме, ја полнат шпанската репрезентација со играчи кои доаѓаат од нивната академија. И би сакале тоа да биде основа за развој. Потребно е да се подобри професионализацијата во таа насока, а потоа постепено да се воведат во првиот тим“, рече Рикелме.

Се вчитува...