Кинеската тенисерка Кинвен Женг го приреди еден од најголемите подвизи на Отвореното првенство на САД досега, откако по огромна негатива успеа да ја елиминира домашната тенисерка Медисон Кис и да избори место во осминафиналето.
Женг, која е на 121-то место на ВТА листата, славеше против 24-тата тенисерка во светот по повеќе од два и пол часа игра со резултат 1-6, 7-6 (3), 7-5.
Натпреварот веќе беше практично загубен за Кинеската. Кис имаше огромни 5-0 во решавачкиот сет, а со тоа стигна и до меч-поенот со кој можеше да поведе со 6-2. Но место завршницата во корист на Американката, следеше целосен пресврт, за огромна победа на Женг.
SHE’S A MIRACLE.
Qualifier Zheng Qinwen comes from 0-5 down in the decider to defeat Keys 1-6, 7-6, 7-5! pic.twitter.com/vyrafT140R
— US Open Tennis (@usopen) September 5, 2026
Анастасија Потапова, пак, продолжува да потврдува дека е повторно на нивото на кое беше некогаш. Руската тенисерка постигна уште една голема победа на Отвореното првенство на САД, победувајќи ја десеттата носителка Аманда Анисимова со 6-2, 7-5 и пласирајќи се во осминафиналето за прв пат во кариерата.
Победата против Анисимова беше особено значајна поради нејзиниот настап против најдобрите. Во 2026 година, Потапова победи тенисерка од Топ 10 по третпат, додека овој јубилеј е нејзин 10-ти таков триумф во кариерата.
Интересно е што два од трите скалпови оваа година дојдоа на Грендслем турнирите против Американки. Пред Анисимова, Потапова беше подобра од Коко Гоф на Ролан Гарос.
По трет пат во кариерата, Русинката стигна до топ 16 на Грендслем турнирите. Сепак, четвртфиналето е сè уште недостижно за неа, па следниот натпревар ќе претставува можност да направи уште еден чекор напред во нејзината кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
