Најлојалните фудбалери во Европа – Меси е на второто место

Лионел Меси сака да ја напушти Барселона по готово две поминати децении во каталонскиот клуб. Тој во моментов е вториот најлојален фудбалер во Европа. Тој првите фудбалски чекори ги направи во аргентинскиот Њуелс Олд Бојс, а во 2001 година замина во Барселона каде и се приклучи на култната „Ла масија“. Во 2004 година го имаше дебито за првиот тим и оттогаш веќе 16 години е дел од клубот. Запиша 730 наптревари на кои постигна 634 гола.

Сепак и покрај големиот стаж тој е втор најлојален фудбалер во Европа. Првото место му припаѓа на рускиот голман Игор Акинфеев кој е дел од ЦСКА Москва седумнаесет години седум месеци и 25 дена.

На третото место се наоѓа Марк Нобл кој дресот на Вест Хем го носи шеснаесет години и седум месеци, четврти е Серхио Алварен од Селта Виго. Меѓу десетте најлојални фудбалери во Европа се наоѓаат и Серхио Рамос (Реал Мадрид), Џорџо Кјелини (Јувентус)…

Се вчитува...