Американските кошаркари играат катастрофално на почетокот на мечот против Србија, во разигрување за пласман од 5. до 8. место на Светското првенство во Кина. По првата четвртина САД постигна само 7 поени, што е најмалку во историјата на Светските шампионати на американскиот тим. Претходнио, најслаб учинок на Американците беше во 2010. година кога против Бразил во последната четвртина уфрлија 9 поени.
За разлика од нив Србите се покажаа дека кога не се под притисок играат одлично бидејќи постигнаа неверојатни 32. поени со реализација од 8/10 за три поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА