Најлошите можни вести за Реал пред Ф4 во Евролигата

Тренерот на Реал Мадрид, Серхио Скариоло, не само што ќе биде без помошта на Валтер Таварес, туку и без Алекс Лен, на Ф4 турнирот од Евролигата.

Ниту еден од нив нема да може да се опорави за најважните натпревари во сезоната, пишуваат шпанските медиуми.

Таварес се повреди во првиот натпревар од четвртфиналната серија со Хапоел, станува збор за медијалниот колатерален лигамент и ќе му требаат неколку недели одмор за да го залечи проблемот. Оваа сезона е завршена за него.

Истиот ден беше јасно дека повредата на првиот центар на Реал е сериозна и дека ќе биде надвор од игра долго време.

Лен, пак, играше феноменално против Бреоган во поразот на домашен терен, за 19 минути заработи индекс од 26, запишувајќи 17 поени, девет скока, изнудувајќи пет фаули.

Тој беше најдобар во поразениот тим, но и него му се случи лоша среќа – се пожали на болки и видливо куцаше пред да седне на клупата.

Прегледите денеска потврдија дека го повредил левото стапало и дека мора да мирува одреден период, подолг од десет дена.

Скариоло така има само еден „тешкаш“ кој треба да се бори под кошевите, Усман Гаруба, кој со 203 см не е висок како Таварес (221 см) и Лено (213 см) и јасно е со колку проблем се соочува „кралевскиот клуб“ пред Ф4 турнирот.

Реал, како што е познато, го чека подобриот од четвртфиналниот дуел меѓу ПАО и Валенсија, кој ќе го одлучи последниот учесник на завршниот турнир на Евролигата во петтиот натпревар.

Се вчитува...