Најмлада тенисерка со ВТА-финале оваа деценија

Кристина Љутова е новиот тениски бисер откако младата Русинка стигна до фантастичен подвиг – финале на ВТА турнирот што се игра во Мемфис.

Таа има само 16 години и стана прва тенисерка родена во 2010 година или подоцна што ќе се бори за титула на еден ВТА-турнир. Претходно, финале на ВТА-турнир на 16-годишна возраст играше Коко Гауф во 2019 година.

Љутова е родена во Москва, но со години наназад живее во Редмонд, САД и никогаш не играла на турнир надвор од северноамериканскиот континент.

„Би сакала да играм за САД и се надевам дека тоа ќе се случи што поскоро“, изјави пред неколку месеци Љутова.

Таа се наоѓаше на 229. место на ВТА-листата пред почетокот на турнирот во Мемфис, а со самиот пласман во финалето обезбеди скок од 75 позиции. Доколку стигне до трофејот и во големото финале ја совлада Видманова од Чешка, Љутова ќе има скок од над 100 места и ќе се најде на 125. позиција на најновиот ВТА ранкинг.

Се вчитува...