Најновото НБА „чудо“ имаше спектакуларно деби: Веднаш со низа рекорди (ВИДЕО)

Првиот пик од драфтот од 2019 година, Зион Вилијамсон конечно ги запиша првите НБА минути. Поради проблеми со коленото Зион пропушти половина од сезоната, но по успешното опоравување конечно дебитираше во најсилната кошаркарска лига во светот.

И, 19-годишниот кошаркар веднаш покажа дека Њу Орлеанс во него ќе има вистинска ѕвезда. Иако неговиот тим загуби од Сан Антонио со 121-117, Вилијамсон одигра одлично за само 18 минути на паркетот постигнувајќи 22 поени, дополнети со седум скока и три асистенции. Посебно импресивен беше на почетокот од последната четвртина кога врза дури 17 едноподруго поени.

Веќе во своето НБА деби сруши неколку рекорди. Никој во историјата на Њу Орлеанс не постигнал повеќе поени во деби натпревар, а неговите 22 поени во 18 минути се најмногу со помалку од 20 минути на паркетот.

Сан Антонио, пак, до победата ги водеше ЛаМаркус Олдрџи со 32 поени и 14 скока.

Се вчитува...