Најплатените спортисти во последната година – Федерер убедливо прв, Роналдо и Меси го следат

Форбс објави листа на најплатени спортисти во светот во периодот од јуни 2019 до јуни 2020 година. На врвот неприкосновен е швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер кој во последната година заработил 106.5 милиони долари.

По него следува „асот“ на Јувентус Кристијано Роналдо кој заработил 105 милиони долари, додека трет е Лионел Меси со еден милион долари помала заработка од Португалецот. Во топ 5 се и Нејмар (95.5) милиони долари и Леброн Џејмс (88.2) милиони долари.

Топ 10 листата ја комплетираат кошаркарите Стеф Кари (74.4) и Кевин Дјурант (63.9), голферот Тајгер Вудс (62.3), како и НФЛ ѕвездите Кирк Казинс (60.5) и Карсон Венц (59.1) милион долари.

 

 

 

View this post on Instagram

 

2️⃣ NFL players made the Top 10 of Forbes’ highest-paid athletes in the last year.

A post shared by SNF on NBC (@snfonnbc) on

Се вчитува...