Најуспешната машка тениска двојка во историјата браќата Боб и Мајк Брајан ја завршува богатата 22-годишна кариера, известуваат американските медиуми. 42-годишните близнаци заминуваат во пензија со 119 заеднички титули што е рекорд во професионалниот тенис. Тие заедно освоија 16 грен-слеми и 39 АТП Мастерс 1000 турнири.
„Двајцата чувствуваме дека е ова е вистинско време за крај на нашите кариери. Во овие години ни е потребна многу работа за да можеме да излеземе на терен и да бидеме конкурентни. И понатаму сакаме да играме, но не го сакаме процесот на подготовка на нашите тела пред мечевите. Сакаме да заминеме додека се уште играме добар тенис“, изјави Мајк Брајан.
Браќата Брајан победнички ја завршија кариерата откако славеа на турнирот во „Делреј бич“ кој беше последниот пред паузата поради пандемијата од коронавирусот.
The Bryan brothers call it a day. Without a doubt the GOAT of tennis doubles. For perspective:
1100 wins
119 titles
Olympic gold medal
39 ATP Masters 1000
16 Grand Slams— Balaji Vaidyanath ⚡ (@nbalajiv) August 27, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА