Најпознатиот европски писател на крими-романи гостин на Адеми, Ристовски и Динамо Загреб

Најпознатиот европски писател на крими романи, човекот кој го створи ликот на норвешкиот детектив, Хари Хуле, Ју Несбе беше гостин на хрватскиот фудбалски великан Динамо Загреб.

Тој прошета на теренот на „Максимир“, како и во просториите во клубот, а имаше средба и со фудбалерите на „модрите“ меѓу кои беа и македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

„Секогаш е убаво да се биде во Загреб, сум доаѓал и порано, а сум бил надвор од градот на ридовите и планините затоа што сум страстен алпинист. Градот е убав, луѓето се одлични и уживам што сум овде. Мило ми е што ме вгостивте во Динамо и на стадионот Максимир. Знам многу за клубот, за историјата и успесите, имате еден вид навивач во мене со години. Гледав и два натпревари меѓу Динамо и Молде во квалификациите за Лигата на шампионите. Како навивач на Тотенхем, го следев и неодамнешниот голем успех на Динамо против англискиот клуб. Ми се допаѓаат боите на Динамо“, изјави Несбе. 

Се вчитува...