Најскапиот Англичанец ќе ја оживува кариерата во Ливерпул

Најскапиот англиски трансфер кој се пресели од редовите на Астон Вила во Манчестер Сити за 117 милиони евра во новата сезона ќе игра во нова средина откако беше постигнат договор за едносезонска позајмица во Евертон.

Грилиш ја воодушеви фудбалската јавност со настапите за Астон Вила за која постигна 32 голови и 43 асистенции на 213 одиграни средби по што следеше трансфер во „граѓаните“ каде за жал не успеа да го продолжи блесокот и да ја надмине границата од над шест постигнати голови во една сезона.

Во последните сезони отпадна од првиот тим и добиваше шанса од клупата за резерви па овој потег наиде на големо задоволство и кај 29-годишникот кој сака да ја оживее кариерата и да биде конкурентен за англиската репрезентација која ја очекува Светско првенство следната година.

Се вчитува...