Најскапиот фудбалер во Првата лига замина од Шкендија

Шкендија и Агим Ибраими спогодбено се разделија, потврдија од тетовскиот клуб. Раководството на тетовци и искусниот фудбалер се договориле дека во моментов најдобро за двете страни е да дојде до раскин на договорот.

Од клубот му се заблагодаруваат на Ибраими за периодот поминат во Тетово и му посакуваат среќа во понатамошната кариера. Агим Ибраими свјото кам-бек во Шкендија го имаше во 2019 кога по втор пат потпиша за клубот од Тетово доаѓајќи од редовите на словенечки Домжале. За тимот настапи на 12 натпревари на кои три пати се запиша во листата на стрелците. Претходно во кариерата поранешниот репрезентативец на Македонија настапуваше и за Ред Бул Салцбург, Олимпија Љубљана, Ексишехиспор, Нафта Лендава, Марибор, Калјари и Астана.

Се вчитува...