Најскромниот фудбалер во светот игра за Сити, карантинот во Англија го искористил за да заврши факултет

Играчот за врска на Манчестер Сити, Родриго Хернандез, попознат како Родри, веројатно е еден од најскромните фудбалери во светот. Иако заработува 120.000 фунти во дресот на „граѓаните“, овој 24-годишник е крајно скромен надвор од терените и не води многу луксузен живот.

Минатата година, за време на карантинот заради светската пандемија, тој го искористил времето да студира и да полага испити за деловно менаџирање.

„Горд и среќен сум што го завршив моето образование. Знам дека тоа ќе ми биде од помош на кој било начин во иднина”, рече Родри.

Родриго својата скромност ја има покажано уште додека играше за Вилјареал и Атлетико, а тогаш живеел во студентски град.

„Луѓето беа шокирани кога слушнаа дека тој живее во студентски град и дека игра професионално во најсилните фудбалски тимови. Беше чудно да го гледам како прави обични работи”, изјави неговиот колега Валентин Хенарехо.

До заминувањето за Манчестер, Родриго возел половна „Опел Корса“. Тој не сака да троши пари за луксуз и купување на нови автомобили, туку неговата животна филозофија е да го помине животот во скромност.

 

Се вчитува...