Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез минал низ непријатна ситуација при патувањето кон Милано, откако авионот со кој требало да лета бил приземјен поради сериозен технички дефект.
Според шпанска „Марка“, проблемот бил откриен непосредно пред полетувањето, кога бил забележан дефект на турбината, поради што летот бил веднаш откажан од безбедносни причини.
Меѓу патниците бил и Родригез, кој, за среќа, не бил повреден, а инцидентот завршил без посериозни последици.
Поради откажувањето на летот, колумбискиот репрезентативец бил принуден да ги промени своите планови, па неговото патување во Милано било одложено за два дена.
Засега не се познати повеќе информации за причината за дефектот, а надлежните служби ќе ја утврдат точната причина поради која авионот не добил дозвола за полетување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
