Најстарата личност на светот се откажа од носењето на олимпискиот оган во Јапонија

Кејн Танака, најстарата личност во светот, требаше да учествува на церемонијата на носење на олимпискиот оган на 11 мај, но сепак реши да се откаже од тоа. Кејн Танака има 118 години и требаше да учествува на олимписката церемонија на носење оган во градот Фукуока. Сепак, тоа нема да го видиме.

Оганот патуваше во Јапонија од март, но оттогаш се пријавени осум случаи на инфекција со коронавирус, кои се директно поврзани со самата церемонија. Во текот на април, локалните власти во неколку градови во Јапонија повторно прогласија вонредна состојба и само по неколку позитивни личности, тие веќе се откажаа од учеството на церемонијата на носење оган од страв од пренесување на инфекцијата.

Според Гинисовата книга на рекорди од пред две години и официјално Кејн е најстарата личност во светот, а службеникот во домот за стари лица во кој живее Танака, ги информирал организаторите на Олимписките игри дека бабата се откажала од учеството на церемонијата бидејќи сите околу неа се загрижени за можноста за ширење на вирусот.

Голем број ограничувачки мерки се во сила во четири градови, Токио, Осака, Кјото и Хигога од 25 април и ќе важат најмалку до 11 мај, па сега се уште не е познато дали и на кој начин тие ќе влијаат на самите Игри, што треба да започат на 23 јули.

Се вчитува...