Најтажната фотографија – Бонавентура се прости од празниот „Сан Сиро“

Милан славеше над Калјари со 3-0 и триумфално ја заврши сезоната, но изостана вообичаениот „последен круг“ и поздрав до навивачите на последниот сезонски натпревар, па фудбалерите набрзо по завршниот свиреж на судијата се упатија кон соблекувалнатаљ.

На теренот остана само Џакомо Бонавентура, кој го одигра последниот меч во дресот на „росонерите“ бидејќи му истекува договорот со овој клуб. Тој мина десетина минути на празниот терен, со солзи во очите упатувајќи се кон соблекувалните.

Овој фудбалер мина шест сезони во дресот на Милан, поради две тешки повреди на коленото паузираше дури 20 месеци, но одигра 184 средби и постигна 35 погодоци како член на „росонерите“.

Според неофицијалните информаци, нов клуб на Бонавентура ќе биде Фиорентина.

Се вчитува...